Апасиев: Електронското гласање не е препорака на ОБСЕ/ОДИХР, туку каприц на ДПМНЕ против Левица
По пропаѓањето на разговорите за новиот Изборен законик, претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, истакна дека вистинската причина за неуспехот не е недостигот од политичка волја, туку инсистирањето на ДПМНЕ на решенија за кои однапред било јасно дека нема да добијат консензус. На овој начин намерно се зачувува постојното изборно статус-кво, од кое единствено штета трпи Левица како единствена партија дискриминирана во финансирањето и платеното политичко рекламирање. „Онаму каде што се запна е електронското гласање. Самото електронско гласање, ничим изазвано, се појави на преговарачката маса. Тоа не е препорака ниту на ИФЕС, ниту на ОБСЕ/ОДИХР. Тоа е чист каприц на ДПМНЕ со цел да ги минира преговорите. Сиот овој процес нѝ дава индиции дека е заговор на двете најголеми партии повторно Левица да остане без државно финансирање, затоа што во вакво статус-кво единствен кој губи е Левица. Остануваат непринципиелните правила на политичка дискриминација. Проблемот е што се повикуваат на францускиот модел, кој е неприменлив во Македонија. Франција има околу 3% дијаспора, а Македонија околу 33%. Единствено бевме подготвени да разговараме тој модел експериментално да се примени само на претседателските избори поради цензус, но договор не беше постигнат.“